МОН: За разлика од празните ветувања на СДСМ, Владата имплементира конкретна стратегија за унапредување на образовниот систем

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија раководејќи со институциите на системот, вклучително и со Министерството за образование и наука, имаше можност да отвори  нови високо образовни установи и да изгради или реконструира студентски домови, се вели во реакцијата од МОН.Во продолжение интегрален текст од реакцијата.
За жал, во тој период  и покрај бројните ветувања, развојот на високото образование и подигнувањето на студентскиот стандард не беа приоритет. Така што, денешната изјава е всушност веќе слушната реторика која нема кредибилитет.
Наспроти празните ветувања, актуелната Влада и Министерството за образование и наука имплементираат конректна стратегија за унапредување на македонскиот образовен систем на сите нивоа, со посебен акцент на високото образование и поддршката на оние граѓани кои пројавуваат интерес за студирање и стекнување на факултетска диплома.
Во таа насока отворени се нови високо образовни установи, студиските програми ги следат глобалните образовни текови и трендови, се градат нови студентски сместувачки капацитети и се реновираат и опремуваат постојните, набавени се нови лаборатории, се преведуваат книги и учебници од кои се учи на најдобрите светски универзитети, се отвораат читални и библиотеки, се доделуваат  повеќе од 40 различни видови стипендии, се вработуваат најдобрите студенти….
Ниту едно паушално и манипулативно соопштение на СДСМ нема да нé одврати од намерата да ги имплементираме споменатите, но и бројни други образовни проекти, мерки и активности чиј што резултат е позитивен, мерлив и видлив.Во продолжение интегрален текст од реакцијата.
За жал, во тој период  и покрај бројните ветувања, развојот на високото образование и п

Пронајдете не на следниве мрежи: