Малата британска фабрика за производство на суперспортски автомобили која се крие зад името „Араш мотор компани“ си го резервираше местото под рефлекторите на еден од најголемите Саеми за автомобили во светот, оној во Женева. Таму на љубителите на егзотични и на суперспортски автомобили им се претстави со својот монструозен хибриден модел „АФ10“, кој располага со повеќе од 2.000 коњски сили.Осум години по премиерното претставување на првата верзија на моделот „АФ10“ од компанијата „Араш“, кој никогаш не ја виде светлината на денот и не доби шанса за сериско производство, пред публиката повторно пристигнува автомобил со истата ознака, кој во овој случај е придвижуван од 6,2-литарски осумцилиндричен мотор со механички компресор и со дури четири електромотори.
Бензинскиот агрегат сам по себе испорачува 900 коњски сили со најголем вртежен момент од 1.200, а споменатите четири електромотори се задолжени за дополнителни 1.180 коњски сили и 1.080 њутн-метри. Со оваа комбинација вкупната сила на „араш АФ10“ изнесува неверојатни 2.080 коњски сили и најголем вртежен момент од 2.280 њутн-метри и преку шестстепен мануелен менувач се распоредува на двете оски.
„АФ10“ забрзува до 100 километри на час за помалку од три секунди, а со понудената преносна опиција максималната брзина изнесува „само“ 323 километри на час.
Целата шасија потполно е направена од карбон, а истиот материјал речиси во целост е користен и за останатите каросериски делови. Овој автомобил може да се добие со комбинација на 19 и на 20-инчни бандажи изработени од алуминиумска легура на кои се поставени гуми од фабриката „Мишелин“, а висината од подлогата може да се менува благодарејќи на електрохидрауличните компоненти на променливата суспензија.
Овој „ѕвер“ наменет за возење по комерцијалните патишта се продава за 1,52 милиони евра. За купувачите што имаат намера да го користат само по тркачки патеки, што се чини најлогичен избор, како опција се нуди со сигурносен кафез, со систем за гасење при пожар и со останати тркачи детали и чини за 1,66 милиони евра.Осум години по премиерното претставување на првата верзија на моделот „АФ10“ од компанијата „Араш“, кој никогаш не ја виде