Монструм: Си ја застрелал жената, а на папагалот му ја отсекол главата затоа што премногу зборувале!

Робин Пентон (53), кој живее во сојузната држава Алабама, ги убил сопругата (34) и семејниот папагал од причина што премногу зборувале.Тоа го напиша во прошталното писмо кое го оставил пред неговиот безуспешен обид да изврши самоубиство. Содржината на писмото е обелоденета на судот.
Сопругата ја убил со огнено оружје, додека на папагалот му ја отсекол главата. Тој ги усмртил и трите семејни кучиња – англиски птичар, чивава и ротвајлер; а за нивната ликвидација ја обвини сопругата поради неуспехот да ги дресира.
Тој во својот крвав поход тргнал на 10 март, а потоа му се јавил на брат му за да го извести што сторил и му најавил дека ќе се самоубие.
Помеѓу другото, тој призна дека на сопругата и го отсекол носот, поради што во целата куќа оставил крвави траги.
„Уживав кога брутално ја претепав и ја одвлеков во тоалетот каде што ја убив заедно со кучињата“, напиша овој монструм.
Тоа го напиша во прошталното писмо кое го оставил пред неговиот безуспешен обид да изврши самоубиство. Содржината на писмото е обелоденета на судот

Пронајдете не на следниве мрежи: