МОНСТРУМ: Убиецот на Тијана нападнал 3 девојчиња пред неа – Две малолетнички силувал…

Таткото на Тијана дознал дека монструмот Драган Ѓуриќ нападнал уште три девојчиња, од кои две малолетни, а нивниот другар го удрил со шише по глава, го фатил околу половината, го фрлил на земја и го тепал кога имал само 15 години.Монструмт Драган Ѓуриќ (34) кој ја уби Тијана Јуриќ (15) од Суботица нападнал уште 3 девојчиња, открива таткото на настраданата – Игор Јуриќ
– Тијана не е единствено и прво дете кое го нападнал Драган Јуриќ. Тој во секоја смисла е злосторник, а јас сум и должен на Тијана, тој да добие максимална казна. Дознав дека Ѓуриќ нападнал уште три девојчиња, од кои две малолетни. Одлучив да ги пронајдам нивните родители – едниот е месар од местото Алекса Шантиќ, а другиот е полицаец и сега живее во Нови Сад. За тие два случаи не знам дали постојат судски постапки, а ќе проверам и ќе направам се што можам– вели Јуриќ.

 

За третото девојче, на таткото на Тијана му раскажа 25 годишното момче М.Т. од Суботица. Имено како што раскажа момчето, Ѓуриќ пред 7 години во дискотеката Одисеја во Бајмок ја нападнал и ја влечел за раце К.В. која тогаш имала 15 години.
Момчето се сеќава дека ја бранел другарката од Ѓуриќ, но дека тој тргнал по нив.
– Ми рече дека девојката ми е многу убава. Му одговорив дека таа ми е другарка. На мојата молба да не остави на мир, Ѓуриќ го истури пивото врз мене, а кога го турнав, ме удри со шишето по глава,ме фати околу половината, ме подигна, ме фрли на земја и ме претепа, – вели момчето.
Како што вели, дошло обезбедувањето на дискотеката и полицијата поднесе пријава против него.
– Ми ја зашија главата и сега имам лузна над слепоочницата. Целиот случај заврши на суд, но само заради тепачката. Уште тогаш имаш две условни казни, а на првите неколку рочишта не се ни појави. На соочувањето лажеше дека не ме удрил со шише и дека јас сум му ја украл јакната. Во судницата имаше ладен поглед, како ништо да не се случило, – вели М.Т. Монструмт Драган Ѓуриќ (34) кој ја уби Тијана Јуриќ (15) од Суботица нападнал уште 3 девојчиња, открива таткото на настраданата – Игор Јуриќ

Пронајдете не на следниве мрежи: