Група мажи на 20 мај, неколку часа силувале две девојки во напуштена колиба во државата Келантан. Полицијата ги уапсила осомничените, кои имале помеѓу 15 и 38 години.Малезиската полиција уапсила најмалку 13 лица, меѓу кои се наоѓа и еден татко со двајца синови, поради наводно групно силување на две тинејџерки од 15 и 17 години, соопшти полицијата.
Уапсените се од селото во кое е извршено злосторството, а некои од нив се роднински поврзани. Се претпоставува дека поголем дел од злосторниците биле под дејство на наркотици и дека девојките биле намамени во колибата.
Претставничката на организацијата за права на жените „Сестри во исламот“, Сури Кемпе, изјави дека бројот на силувањата кои се пријавуваат е „значително загрижувачки“.
„Момчињата се воспитуваат во култура во која да се биде мажествен, значи да се биде агресивен и апсолутно е прифатливо да се насочуваат кон насилство за да го добијат тоа што го сакаат“, наведе таа.
Во таа земја од југоисточна Азија, во 2012 година беа пријавени скоро 3.000 силувања, а многу жртви имале 16 и помалку години.
Активистите за човекови права велат дека бројот на силувања е многу поголем и дека многу случаи не се пријавени поради стигмата на која се изложени жртвите од силување во таа земја.Малезиската полиција уапсила најмалку 13 лица, меѓу кои се наоѓа и еден татко со двајца синови, поради наводно групно силување на две тинејџерки од