За среќа, еден локален жител го забележал страшниот призор и го спасил несреќното девојче. Не се знае точно зошто тоа го направиле членовите на нејзиното семејство.Полицијата соопшти дека членовите на нејзиното семејство прво се обиделе да ја задават и потоа ја оставиле да умре во плитка јама во Утар Прадеш. Сѐ уште не е јасна причината за овој грозоморен чин.
Човекот кој го пронашол девојчето, веднаш го однесе во локалната болница. Лекарите изјавија дека девојчето е во добра состојба.
Полицијата трага по нејзината мајка, вујкото и тетката, за кои се тврди дека се во бегство, пренесе Би Би Си.
Човекот кој што ја има спасено вели дека слушнал пригушени крици во полето со шеќерна трска, во кое забележал и мало мрдање под земјата.
Случаите на убивање на девојчиња се вообичаени во Индија, каде што жените се често дискриминирани во општетсвото. Девојчињата се сметаат за финансиски товар, посебно во сиромашните заедници.Полицијата соопшти дека членовите на нејзиното семејство прво се обиделе да ја задават и потоа ја оставиле да умре во плитка јама во Утар Прадеш. С



