Монструозно: Водител на ВВС носел прстени изработени од очи од човечки лешеви

Британскиот радио и телевизиски водител Џими Севил, не познавал граници за изопаченост.
По неговата смрт во јавноста се појавија неверојатни педофилски скандали поврзани 
 Во своите посети во болниците, Севил злоупотребувал секакви жртви, од петгодишни деца до 75 годишни пензионери, мажи, жени, девојчиња и момчиња, пациенти, персонал ипосетители. Овие податоци се заклучок од истрагата спроведена во дури 28 јавни болници, вклучувајќи ја и психијатриската болница „Broadmoor“.
Истражителите ги слушнале морбидните приказни за тоа како Севил „непристојно“ се однесувал со телота во мртовечницата во Лидс.

Еден од сведоците тврди дека слушнал како Севил се фалел дека носел „ огромен прстен од стаклени очи од мртовец“, кои биле во тамошната мртовечница.
Докторката која водела истрага во таа болница слушнала од правничка дека Севил тврдел дека се впуштал во сексуални односи со мртвите тела.
Истражителите откриле и сериозни пропусти во безбедноста на болницата – Севил имал клучеви со кои можел непречејно да се движи низ целата болница.
Министерот за здравство Џереми Хант се извинил на жртвите во име на владата изјавувајќи: „Страшно ги изневеривме“.
„Во тоа време, не им поверувавме на жртвите кои прозбореа, и затоа сега е многу важно денес јавно да ја препознаееме вината во она што го рекоа. Денешниот извештај вели дека се работело за сексуален злосторник кој секогаш одново ја придобивал довербата кај народот за тој да ги задоволува своите одвратни потреби“- рекол Хант.Во своите посети во болниците, Севил злоупотребувал секакви жртви, од петгодишни деца до 75 годишни пензионери, мажи, жени, девојчиња и момчиња, па

Пронајдете не на следниве мрежи: