Монт Еверест е преполн со измет и фекалии!

Експедициите секоја година оставаат дури 12 тони фекалии зад себе на највисоката планина на светот, а падините се покриени со пирамиди од измет!Наслаги од човечки измет, кои со децении се натрупуваат на највисоката планина на светот, го претворија 8.848 метри високиот Монт Еверест во „фекална бомба која ќе експлодира во секој момент“, а заканата од избивање на болести на „покривот на светот“ е многу сериозна.
Ова го соопшти претседателот на Непалскиот планинарски сојуз, Анг Тшеринг, наведувајќи дека во текот на планинарската сезона, на планината секоја година остануваат дури 12 тони фекалии.
Повеќе од 700 планинари и нивните водичи, кои на Монт Еверест поминале речиси два месеци, оставиле зад себе голема количина измет и урина, а владата на Непал работи на тоа да ги натера планнарите на правилен начин да го складираат својот отпад, за планината да остане чиста, пренесе „Хафингтон пост“.
Камперите што доаѓаат на Монт Еверест најчесто имаат шатори и основна опрема за преживување во тешки временски услови, но немаат и тоалети со себе.
„ Тие најчесто копаат дупки во снегот, кои ги користат како тоалет и тука го оставаат својот отпад, кој се собира со години“ , додава Анг.
Владата на Непал сѐ уште не пронајде начин како да се избори со овој проблем. Мината година беа донесени нови закони со кои се пропишува секој планинар да се врати во базниот камп со осум килограми ѓубре. Ако не се придржуваат на овие правила, тогаш планинарите го губат депозитот во банка, кој изнесува четири илјади долари.
Од 1953 година на највисокиот врв на светот се качиле 4.000 луѓе. Пионер беше Едмунд Хилари од Нов Зеланд.Наслаги од човечки измет, кои со децении се натрупуваат на највисоката планина на светот, го претворија 8.848 метри високиот Монт Еверест во &bdquo

Пронајдете не на следниве мрежи: