Имаме промена на парадигма, целиот свет е во трансформација. Има еден италијански филозоф кој вели кога старото не е умрено а новото не е родено е време на монструми, подвлече претседателот Иванов.Нека не мислат дека идните поколенија дека нема да ги оценуваат за ова што се случува за тоа што не и даваат на Македонија за да биде среќна земја со успешни луѓе. Од што се сме се откажале за да бидеме дел од НАТО и ЕУ. Кризите кои перманентно се јавуваат се поседница од тоа што стоиме на место, некој ни ставил олово на нозе, да не бидеме земја која знаи покажа дека може и во услови на најголема економска криза ние покажавме резултати, да провлекува инвеститори. Хулигани секаде имало и ќе има. Толпа лесно се заведува но тешко се контролира. Јас знам дека тие што ја нападнаа и запалија канцеларијата треба да знаат дела тоа не е моја канцеларија тоа е канцеларија на граѓаните, илјадници граѓани, илјадници млади добија помош од таму. Им ја убивате надежта на сите нив. Што сакате со тоа да постигнете, праша Иванов.
Ме критикуваат мои студенти јас се радувам сум создал слободоумни луѓе, додаде тој и рече дека тоа е негов успех.
-Народот искажа 70% поддршка кај Македонците а 64% кај целото население за институцијата претседател . и јас сум горд што сум успеал да добијам толку поддршка од народот кој ами беше основа за да го преземам ова, рече Иванов
Мислам дека дојде период на освестување, продолжи тој, период на отрезнување мора да почне не денес уште вечера.
-Затоа а покренав иницијативата за помирување бидејќи успеавме помирување помеѓу Македонците и Албанците, сега имаме проблем меѓу Македонците и Македонците и затоа во моето обраќање кажав. Соте што ја знаат историјата знаат што е мајки манифест и како се постигнува обедувањето и помилувањето. И како тоа некому не му чинело и поради тоа почнале физики пресметки кога во некои наши соседни градови по улиците течеше крв. Ќе го враќаме повторно тоа, Македонец на Македонец да дигне рака? Тоа е ненаучена лекција, потсети Иванов.
Иванов порача нека секој ги праша своите дедовци низ што се поминале за да добиеме држава.Нека не мислат дека идните поколенија дека нема да ги оценуваат за ова што се случува за тоа што не и даваат на Македонија за да биде среќна земја