Морал да бира помеѓу сопругата и синот со Даунов синдром. На кого падна изборот?

Кога бебенцето се родило, неговиот татко беше ставен во незгодна позиција – морал да бира помеѓу синот кој има Даунов синдром и својата сопруга.Семјуел Форест од Нов Зеланд, кој живеел во Ерменија, е човек кој во својот најсреќен момент – кога се остварил како татко, морал да бира помеѓу сопругата и детето. Неговата приказна ги преплави социјалните мрежи, само недела дена откако сопругата го оставила.
Рузан Бадаљан го родила Лео пред скоро година дена, за веднаш потоа да му постави ултиматум на својот сопруг: таа или бебето.
Нејзиниот ултиматум се состоел во тоа што му предложила на сопругот да го напуштат детето, бидејќи е родено со Даунов синдром. Таа не сакала да го допре, бидејќи според ерменската култура, овие деца му носат срам на семејството.
„Докторката излезе од собата со малечко момче чие лице беше покриено. Целата болница не ми дозволи да ги видам синот и сопругата“, објаснил Семјуел во своето интервју.
„Веднаш потоа, дојде доктор кој ми објасни дека нешто не е во ред со мојот син“, тажно продолжува со раскажувањето.
Иако оваа вест го шокирала, тој изјави дека во ниту еден момент не помислил да го напушти малечкиот Лео.
„Кога ми дозволија да го видам, сфатив дека е прекрасен, совршен и дека ќе го задржам“, изјави тој.
Семјуел Форест инаку е од Нов Зеланд, но тој успеа да собере пари и заедно со синот заминале од Ерменија. Во моментов живее во Окланд, каде што се обидува да заработи за живот и да му обезбеди најдобра можна нега и образование на Лео.
Семјуел Форест од Нов Зеланд, кој живеел во Ерменија, е човек кој во својот најсреќен момент – кога се остварил како татко, морал да бира пом

Пронајдете не на следниве мрежи: