“Мораме ли да го сакаме секој дел од бременоста?”

Една мајка се пожалила од бременоста на Инстаграм, по што веднаш многу луѓе ја нападнале. Но, се поставува прашањето – зарем жената нема право да не ја сака бременоста?Бременоста е благослов и навистина неверојатен биолошки процес. Но, дали таа секогаш и кај секоја жена е едноставна, забавна и удобна? Апсолутно не.
Британската телевизиска ѕвезда и мајка на три деца, Луиза Зисман е свесна дека бременоста не е секогаш полна со прекрасни и весели моменти, туку дека тоа е период кој вклучува чести мачнини, екстремна исцрпеност, сериозна нелагодност и неудобност и уште многу друго. А кога таа одлучила да ја сподели реалната слика за бременоста – станала мета на прилично остри критики.
 
“Се чувствувам лошо во кревет со Ели … мразам да “одгледувам” бебиња, буквално не уживам во ништо од бременоста”, напишала под фотографијата која ја објавила на Инстаграм и додала: “Како да трае цела вечност, се чувствувам како да се поминати години, а не месеци. Знам дека не треба да се жалам, но не е забавно, фала Богу што обожавам да раѓам”.
Веднаш по објавата, нападите почнале од сите страни:
“Се шегуваш?!?! Како се осудуваш да кажеш дека го МРАЗИШ бебето? Дали некогаш си размислувала дека има луѓе кои со години безуспешно пробуваат да забременат?”, “Многу си себична! Доколку мразиш бебиња, престани да ги раѓаш! Има многумина кои сонуваат за своето прво дете, а ти веќе си трудна со третото”, се само дел од коментарите на нејзината фотографија.
Но, сепак имало и такви кои ја поддржале Луиза и кои сочувствувале со оваа мајка. Важно е да запомниме дека секоја бременост е поинаква, а за некои жени таа навистина претставува очајно искуство.
Од една страна, навистина е тешко кога жените се обидуваат да забременат, но од друга страна, бременоста може да биде подеднакво тешка и за жените кои поминуваат низ неа.Бременоста е благослов и навистина неверојатен биолошки процес. Но, дали таа секогаш и кај секоја жена е едноставна, забавна и удобна? Апсолутно не

Пронајдете не на следниве мрежи: