МОРБИДНА ИСПОВЕД: „Бев толку многу гладен што со забите си го кинев месото од нозете“

„Во клекнувачка положба минав пет месеци во затвор во Дамаск. Бев труп што дише кога ме пуштија“ – раскажува Касем Абдулразак (25), кој со семејството тргна кон Германија.„Пет месеци бев во затвор. На крај, од очај и глад го кинев месото од своите нозе со забите“.
Вака горчливо ја започнува својата исповед мигрантот од Сирија, Касем Абдулразак (25).
„Ме заробија шиитите бидејќи сум сунит и ме обвинија дека сум терорист. Знаете, јас не ни знам да држам оружје. Бев труп што дише кога ме пуштија од затвор“ – раскажал Касем.
Живееле убаво
Пред 27 дена тој избегал од својата татковина и заедно со братот и неговите пет деца се упатиле кон Германија.
„Патот е долг, па се менуваме кој ќе ги носи децата. Живеев во Либија, каде што работев со Црвениот крст и многу други хуманитарни организации. Студирав археологија и работев како новинар. Моливот беше единственото мое оружје. Кога патувавме кон Турција со чамец, паднав во морето. Водата ги однесе сите мои белешки. Остана само една, но е размачкана од солената вода“.
Покрај белешките, морето ги однесе и фотографиите, а меѓу нив и најомилената фотографија на Касем – од неговата Фатима, за која се надева дека ќе му биде сопруга.
„Таа остана во Сирија и не можев да ја земам со себе, бидејќи не сме венчани. Ја чекав шест години и уште ќе ја чекам. Ќе се вратам по неа кога ќе се сместам и најдам работа во Германија“. „Пет месеци бев во затвор. На крај, од очај и глад го кинев месото од своите нозе со забите“.
Вака горчливо ја започнува својат

Пронајдете не на следниве мрежи: