Морис и Хелен се венчале во 1934 година и во своите осум децении заедно доживеале голема радост – и големо страдање. Тие велат дека нивниот брак е совршен, сепак, која е нивната тајна?Хелен Kејс тукушто го прослави својот 101 роденден. Таа зборува за таблети. Не апчиња, туку iPad. Нејзиниот сопруг, Морис, има 102 години, а сака да седне зад воланот на својот автомобил. И, како што можете да заклучите, двајцата се нобични. Овој месец, тие ја слават нивната 80-годишнина – една од ретките двојки во Велика Британија кои го поминале овој пат.
Двојката – која го започнала својот маратонски однос кога застанале пред рабин во синагога во Лондон, во август 1934 – страдале исто толку, колку што славеле. Две од нивните деца починале.
Но исто така тие имале многу забава во текот на годините. Тие се страствени играчи на бриџ, иако сите нивни партнери се мртви. „Ние сеуште не планираме“, вели Хелен.
„Кој знае уште колку ни останува“, додава нејзиниот сопруг. „Може да бидат, години, недели, денови“.
Но имаат долги години зад себе. „Беше љубов на прв поглед. Претпоставувам дека се заљубив во него поради тоа што имаше автомобил. Ретки беа младите мажи кои имаа автомобил во тие денови“.
Хелен имала 17 години кога го запознала Морис, трговски патник за фирмата на сопругата на татко му. Таа работела во продавницата на мајка и во јужен Лондон.
„Ми се јави да ме покани на состанок. Отидовме во клуб во Брикстон, а потоа во Асторија на танцување“.
Семејството на Морис живеело во Хокстон, источен Лондон. Денес е модернизиоран, но во 20-те и 30- те, се сеќава Морис, „Беше грубо – мојот учител ми дозволуваше да зминам порано за да не бидам нападнат.“
Хелен била родена во Варшава и на 6 години се преселила во Лондон. „Научив англиски за околу една година. Живеевме во Источниот крај пред да се преселиме во јужен Лондон.
Две години по нивната церемонија на 27 август 1934 во Бороу синагогата, британската унија на фашистите на сер Освалд Мозли дивееla.„Луѓeто велеа дека изгледам како Мозли, имав мустаќи, па дури носев и црна кошула- само затоа што сакав“.
Кога војната беше прогласена во 1939, Морис се придружил во армијата. Бил цврст човек во тие денови, па затоа станал физички инструктор. Но тоа не траело долго. „Се степав со војник кој даде антисемитски забелешки. Го удрив толку силно што помислиле дека ќе остане слеп. Бев испратен во Исланд за да ме тргнат од патот“.
Токму пред денот Д во 1944 домот на Кејс во јужен Лондон бил бомбардиран и тогаш му било дадено отсуство на Морис.
Сите негови другари заминале за Нормандија. „Мојот одред исчезна – никој не знаеше што се случи со нив. Потоа слушнав дека сите биле убиени. Му се заблагодарив на бога што бевме бомбардирани“.
По војната, двојката се преселила во Бурнемут. „Веднаш го засаквме тоа место“, вели Хелен. Ја отвориле првата од ланецот од пет продавници за женска облека. По десет години брак имале момче, Ентони, потоа уште едно, Лери.
Ентони се разболел на четиригодишна возраст. „Докторите не можеа да откријат за што се работи“, вели Хелен. „Рекоа дека има сипаници но тој почина од воспаление на слепото црево. Бев скршена, се обидов да извршам самоубиство. Се обидов да се удавам во када, но не можев“.
Истот така ја изгубиле и ќерката Лесли, која починала на 30 години од тумор на мозокот, оставаќи зад себе три мали деца. Без Ентони и Лесли, ги посветиле своите животи околу Лери и Тина, која исто така имала болест опасна по живот.
И покрај сите трагедии Кејс велат дека имале совршен брак.Хелен Kејс тукушто го прослави својот 101 роденден. Таа зборува за таблети. Не апчиња, туку iPad. Нејзиниот сопруг, Морис, има 102 години, а



