Американската полиција објавила шокантни фотографии од родители кои се предозирале со хероин пред својот 4- годишен син.Полицијата во американскиот град Ест Ливерпул во државата Охајо, реагирала на дојавата за возач под влијание. Глетката која ја затекнале ги шокирала дури и искусните полицајци.
Мајка и татко, издрогирани на предните седишта во запален автомобил додека на задното седиште се гледа нивниот син.
„Училишниот автобус симнуваше деца кога возилото почна нагло да кочи додека не застана. Кога му пристапив на возачот, забележав како му се ниша главата напред назад, говорот му беше сосема неразбирлив. Возачот рече дека ја носи жената во болница. Се обидуваше да ги менува брзините па го изгасив автомобилот и го извадив клучот. Забележав и 4 годишно дете. Возачот се онесвести. Совозачката беше онесвестена и почна да модрее. Повикав итна помош и ги држев нејзините дишни патишта проодни“, стои во изјавата на записникот.
Фотографиите на службените страни ги споделил градот бидејќи сакаат да предупредат на опасноста од наркотици и сакаат да предупредат на децата чие детство е уништено бидејќи родителите се навлечени на дрога.Полицијата во американскиот град Ест Ливерпул во државата Охајо, реагирала на дојавата за возач под влијание. Глетката која ја затекнал