Париз едноставно нема мир! По трагичниот напад на Шарли Едбо, градот на светлината уште еднаш се соочува со терористички напад, во кој за сега има околу 160 жртви.Сведоците од нападот во концертната арена Батаклан раскажале дека сцената била катастрофална.
„Вакво нешто до сега не сум видел. Синот и јас моравме трчаме преку телата на мртвите луѓе. Тие ранети лежеа на подот. Тоа никогаш нема да го заборавам“, раскажал човекот.
„Двајца или тројца напаѓачи без маска упаднале во салата со калашникови и почнале да пукаат по публиката.
Нападот траешел околу 10- 15 минути. Било неверојатно насилно и настанала паника, бидејќи сите притрчале кон бината, и луѓето се газеле едни преку други“, јавил известувач на радио Европа 1.
„Не беа маскирани, знаеа што прават и многу се млади“, истакнал водителот.
Гардиан пренесува дека и една девојка, која била во салата кога се случил нападот, рекла дека тројца мажи, кои не носеле маски, почнале да пукаат на луѓето внатре.
Жената очевидец која успеала да побегне од заложничката криза рекла за француското радио дека човек одеднаш отворил оган и почнал да вика „Алах Екбер“.
„Видов само силуета. Човекот дојде и почна да пука. Сите легнавме на земја. Тоа беше вистински пекол. Ја зедов мајка ми под рака и успеавме да побегнеме. Сега сме надвор, а не можам да замислам како им е на сите оние луѓе внатре. Ова е вистински кошмар“, раскажала таа.Сведоците од нападот во концертната арена Батаклан раскажале дека сцената била катастрофална.
„Вакво нешто до сега не сум видел. Сино



