МОРНИЧАВА ТАЈНА: Никој не сакаше да го посвои ова девојче. Причината им ги скрши срцата!

На полицајците им се слошило откако ја пронашле заклучена во малечка соба. Велат дека тоа бил најлошиот случај на запоставување на дете којшто го виделе досега.Имала 7 години кога ја пронашле. Била неухранета, не комуницирала, никогаш не била на отворено. Сепак, луѓето коишто ја посвоиле не сакале да се откажат од неа и покрај многубројните предупредувања од страна на психијатрите.
На девојчето му дијагностицирале аутизам. Не комуницирало. По години поминати на валкан душек, окружена со фекалии и бубашваби, Дејниел не знаела ништо освен да оди.
„Полицаец сум веќе 27 години и видов сѐ и сешто, но ваков случај на запоставување деца е нешто најлошо што го имам доживеано“ – изјавил полицаецот Марк Холсте, којшто ја пронашол малечката Дејниел.
Нејзината биолошка мајка го изгубила старателството и девојчето било сместено во дом за незгрижени деца. Лекарите дијагностицирале низа психички заболувања и којзнае како би завршила да не се појавеле Дајен и Берни Лејроу. Веќе имале пет синови, па сакале да посвојат девојче.

Се обратиле на агенција за посвојување деца:
„Веднаш ме привлече откако ја видов нејзината фотографија тој ден во агенцијата. Имаше нешто во изразот на нејзиното лице“ – рекла Дајен.
„Кога прашавме за неа, ни рекоа дека таа не е дете какво што би посакале. Им одговорив дека токму затоа повеќе сме заинтересирани за неа“ – изјавил Берни.
Тие сепак ја посвоиле Дејниел. Ги занемариле предупредувањата дека е злоставувана и дека поради тоа ќе има сериозни поледици. Ѝ пружиле дом на својата фарма, се вклучиле во низа активности со кои настојувале да му помогнат на девојчето.
„Се однесуваше како дете од 6 месеци. Ни беше кажано дека ќе имаме многу проблеми со неа. Меѓутоа, бевме убедени дека можеме да допреме до неа“ – изјавила нејзината идна мајка.
Чекор по чекор, девојчето напредувало. Иако сѐ уште не може да зборува, комуницира на различни начини. Љубовта и пожртвуваноста прават чуда!Имала 7 години кога ја пронашле. Била неухранета, не комуницирала, никогаш не била на отворено. Сепак, луѓето коишто ја посвоиле не сакале да се от

Пронајдете не на следниве мрежи: