Што ќе ѝ е фотографија од мојата ќерка? – прашува мајката на убиената пејачка Јелена Марјановиќ. На денот кога пејачката е родена и кога семејството поставуваше споменик, Рада Матиќ на Фејсбук објавила своја фотографија со слика од убиената пејачка покрај кандило и нозе од мистериозна личност во позадина?!Рада Матиќ од Виена, која со Зоран Марјановиќ, сопруг на монструозно убиената пејачка на Гранд, разменувале експлицитни пораки, не престанува да ја вознемирува јавноста и луѓето коишто ја сакале убиената млада пејачка.
Имено, таа на роденденот на пејачката и кога се поставувал нејзин споменик на гробиштата Збег, објавила фотографија на која позира, покрај нејзе на комодата се наоѓа фотографија од убиената пејачка и кандило, а зад неа нозе на мистериозно лице.
-Нозете што ѕиркаат и нејзиниот коментар „Чии се нозете“… Сѐ уште не знаеме кој е убиецот и во таква ситуација сите се осомничени. Колку што знам, Рада беше пријателка со Јеца на Фејсбук и пред да биде убиена, а тоа никогаш не го спомна! Таа ја исмева нашата болка – вели една од пријателките на Јелена.
Рада Матиќ од Виена, која со Зоран Марјановиќ, сопруг на монструозно убиената пејачка на Гранд, разменувале експлицитни пораки, не престанува да ја