Драган Љубисављевиќ (60) бил уапсен во недела во Белград поради сомнеж дека ја претепал до смрт својата невенчана сопруга Ѓурѓица Михајловиќ (51), чие тело било најдено во напуштена куќарка во улицата Лединачка. Според медиумите, на убиството му претходела караница поради неисполнување на брачните должности.Полицијата го уапси Љубосављевиќ поради сомнение дека невенчаната сопруга ја убил со бројни удари со летва, раце и нозе по главата и телото на жената.
Убиството се случило во малата куќарка во која сопружниците ги минале последните две години. После жестоката караница и тепање, насилникот сфатил дека жената е мртва. Се обидел да избега, но полицијата го пронајде.
„Во четврток навечер слушнав навреди и пцости кои доаѓаа од нивниот двор. Жената нон-стоп викаше нешто и му префлуваше на Драган. Јасно ги видов, а Ѓурѓица ја слушнав кога откако го крена здолништето, од Драган побара да имаат сексуален однос.
Драган на тоа ѝ одговори: `Престани да ме провоцираш! Имам доволно свои проблеми. Со секс ми е како до ланскиот снег!“, изјавил за новинарите работник на фармата во близина, кој ја слушнал расправијата на сопружниците.
Драган и Ѓурѓица ја продолжиле расправијата, а за убиството соседите дознале во петок наутро.
„Постојано се караа, а кога ќе се напиеја, ќе почнеше вистински циркус. Знаеја да се соблечат голи и да зборуваат разни глупости, но никого не задеваа“, вели еден нивен сосед.
Драган Љубисављевиќ има деца од првиот брак, а со Ѓурѓица живеел осум години, но немале деца.Полицијата го уапси Љубосављевиќ поради сомнение дека невенчаната сопруга ја убил со бројни удари со летва, раце и нозе по главата и телото на жена