Морничави насмевки: Ова се последни селфи фотографии настанати непосредно пред нивната смрт!

Феноменот „селфи“ толку многу се прошири на социјалните мрежи, што  можеме да кажеме дека скоро е невозможно некој важен момент да помине незабележан на овој начин. Минатата година се појави вест за пилот чиј авион наводно се  срушил во моментот кога тој се обидувал да направи селфи, но тој не е ни прва ниту последна личност  која на фотографиите ги забележала своите последни моменти.26-годишната Колет Морено која во моментот  на трагичната смрт веројатно размислувала за својата венчавка, загинала на пат само неколку минути по ова селфи.

Колет седела на совозачкото место, а нејзината пријателка Ешли Теобалд возела, кога се судриле со автомобил од спротивниот правец. Девојката зад себе го оставила свршеникот и петгодишниот син.

21-годишниот Оскар Отеро Агилар момче од Мексико Сити, настрадал трагично кога пиштолот до кој  позирал случајно испукал и го погодил во глава.
Момчето и пред трагедијата сакал да „изгледа опасно“, па често позирал  пред  брзи автомобили, со мотори и убави жени околу себе.

 

15-годишниот  Гари Слок од Холандија ја направил оваа фотографија со својата мајка непосредно пред да се качи во авион. Момчето и неговата мајка ја имале таа несреќа да се најдат помеѓу 298-те патници  кои настрадаа трагично под се уште неразјаснети околности во падот на авионот „Малезија ерлајнс“ МН17.

Рамон Алберто Гонзалес Адамс, регетон музичар познат како Хадијел, го изгубил животот во несреќа во Рочестер, Њујорк. Момчето непосредно пред  смртта на својот профил закачил фотографија со кацига.

 

Оваа фотографија говори за суровоста на животот на Блискиот Исток. 16-годишниот ученик Мохамед Шар (во црвеното) во 2012 со своите пријатели позирал  за заедничка фотографија, по што во нивна близина дошло до експлозија  на автомобил бомба чија мета бил еден политичар.

Латино американската пејачка Џени Ривера во моментот на трагичната смрт имала 43 години, а оваа фотографија настанала само неколку часа пред несреќата. Пејачката се качила на авион кој се срушил, а оваа жена зад себе оставила пет деца и две внучиња26-годишната Колет Морено која во моментот  на трагичната смрт веројатно размислувала за својата венчавка, загинала на пат само неколку минути

Пронајдете не на следниве мрежи: