МОРНИЧАВО ЗЛОСТОРСТВО: Татко излегол од гроб и повикал помош, но…

Полицијата во Алабама, во округот Расел, објави снимка во која повреден татко ги молел полицајците за помош откако жив бил закопан.Форест Буч Боер и неговиот син Брет биле нападнати од разбојници. Им дошле во домот и се претставиле како полицајци, велејќи дека е уапсен поради дрога. Ги изнеле од домот и ги однеле во шума. Пукале во неговиот син по што брзо починал, а на Форест му го пресекле вратот.
Двајцата ги фрлиле во еден плитко ископан гроб. По некое чудо, Форест преживеал и успеал да се извлече од гробот и да запре автомобил на патот.
Драматичната снимка го прикажува Форест како се држи за грлото додека се обидува да им објасни на полицајците што се случило. Не успеал само да ги одведе до гробот на синот, туку и да им раскаже кој е одговорен за ова страшно злосторство. Три пати повторил дека човекој којшто влегол во нивната куќа е Џим Брукс.
„Тие веројатно сѐ уште се во мојата куќа, се обидуваат да украдат пари“ – рекол тој.
Џим Брукс подоцна ги признал своите недела. Другиот сторител, Мајкл Карут не признал ништо, но утврдено е дека е виновен.
Двајцата се осудени на смртна казна. Иако ова крваво злосторство се случило во 2002 година, полицијата дури сега одлуи да ги објава драматичните снимки.
„Неверојатно е дека тој ова успеа да го преживее. Секој пат кога ќе поминам покрај тоа место, ќе се сетам на овој случај“ – изјавил окружниот шериф Хит Тејлор.Форест Буч Боер и неговиот син Брет биле нападнати од разбојници. Им дошле во домот и се претставиле како полицајци, велејќи дека е уапсен поради д

Пронајдете не на следниве мрежи: