Московјани во шок: Се појавија живи мртовци низ парковите!

Околу 100 жители на руската метропола се сложиле да бидат маскирани во живи мртовци и да бркаат други луѓе по московските паркови. Луѓето кои сведочеле на овој настан навистина имале што да видат.Најмалку 500 луѓе избегале од московскиот парк Соколники, кој бил окупиран од живи мртовци. Но, нема место за паника.
Имено, сето ова е дел од играта за која учесниците се имаат пријавено преку интернет регистрација.
Играта ги имала следните правила: живите мртовци требале да ги бркаат смртниците кои морале да бегаат по негостопримлив терен кој е долг пет километри, а сите на себе носеле ленти кои мртовците требале да им ги одземат.

„Ова е прекрасно. Би сакала во нашиот град да има повеќе вакви настани. Сите се смеевме и се присетивме на детството“, рече Олга, која на еден ден стана зомби.
На популарната зомби трка во Москва, се придружил и Санкт Петерсбург, каде веќе две години наназад се одржува слична манифестација.
Во САД пак, популарни се тн. зомби флешмобови, кои се одржуваат во неколку сојузни држави уште од 2000 година.
Најмалку 500 луѓе избегале од московскиот парк Соколники, кој бил окупиран од живи мртовци. Но, нема место за паника.
Имено, сето ова е дел

Пронајдете не на следниве мрежи: