МОТИВАЦИСКИ ГОВОР НА АМЕРИКАНСКИ АДМИРАЛ: Еве зошто треба секое утро да го местите креветот!

Постојат утра кога е тешко да се стане од кревет. Многумина не ни помислуваат да го наместат креветот, што всушност е многу битна работа. Инспиративниот говор на адмиралот Вилијам Мек Рејвен, најдобро објаснува поради што е тоа така.„Секое утро, на обука во војска, моите надредени, а во тоа време сите беа ветерани од Виетнам, доаѓаа во спалната соба и првата работа што ја правеа е контрола како сме го наместиле креветот. Ако го направевме тоа како што треба, рабовите беа остри, прекривките затегнати, перницата центрирана точно каде што се сместува главата, а дополнителното ќебе стоеше во долниот дел. Тоа е едноставна задача, но секое утро од нас се бараше перфектно да го наместиме креветот. Во тој момент, тоа ми делуваше бесмислено, посебно бидејќи се трудевме да станеме вистински војници. Силни, подготвени за борба, вистински `Фоки`. Но, мудроста на овој едноставен чин ми се прикажа многупати досега“ – изјавил адмиралот.
Објаснил и зошто оваа едноставна активност е важна за сите нас.
„Ако секое утро го местите креветот, тогаш ќе ја исполните првата задача за тој ден. Тоа ќе ви даде мало чувство на гордост и ќе ве охрабри да исполните уште една задача. Потоа уште една. Па уште една. На крајот од денот, таа една завршена задача ќе се претвори во повеќе извршени задачи. Местењето кревет ќе ве потсети колку се битни малите нешта. Ако не можете малите нешта да ги направите како што треба, никогаш нема да можете да ги направите ниту оние големите. Ако во некој случај имате ужасен ден, секогаш може да се вратите дома во кревет. Оној кој што сте го наместиле сами. Наместениот кревет ќе ви даде надеж дека нештата ќе бидат подобри утре. Ако сакате да го смените светот, почнете од тоа што ќе го наместите својот кревет“ – заклучил тој.„Секое утро, на обука во војска, моите надредени, а во тоа време сите беа ветерани од Виетнам, доаѓаа во спалната соба и првата работа што ја

Пронајдете не на следниве мрежи: