Мотори кои ја измениле историјата

„Зависник од мотори со Џими де Вил“Љубителите на брзината, ги обожуваат погонските мотори, машините кои ги движат нивните возила. Во новиот серијал „Зависник од мотори со Џими де Вил“, конструкторот и пронаоѓачот Џими де Вил, започнува потрага за ретки и легендарни мотори на необични локации, максимално користејќи ги неговите можности во посебно конструирани возила. Овој серијал ги слави најневеројатните погонски мотори на светот, како и легендарните возила кои тие ги движат.
Како инженер, возач на тркачки автомобил, авантурист и војник, Џими целиот живот го има посветено на обновата на моторите и возилата, а сега ќе се обиде да оживеее некои од најпознатите револуционерни мотори низ историјата и на тој начин ќе им овозможи да ја демонстрираат својата моќ. Џими ќе тргне во потрага ширум светот, за да ги пронајде легендарни мотори оставени во напуштени фабрики.
Со помош на локални експерти, Џими ќе измени и ќе го пренамени секој мотор, давајќи му нов изглед во ново направеното возило.Помеѓу останатото, ќе запознаеме и со воздух ладениот мотор на VW Beetle, Turbojet Frank Whittle кој донесе револуција во воздушниот транспорт, потоа мотоциклот Indian Royal Enfield кој ја промени независна Индија.
Овие ретки мотори покренуваат нации, победуваат во војни и ја менуваат историјата. Првата епизода е утре, 5 декември 20 часот на Discovery
Некои од трансформациите во серијалот се:
•             Со воздух ладениот мотор на VW Beetle користен во airboat со кој се разгледува светското наследство на Бразил- Игуасо водопадите
•             FSO Syrena, мотор од комунистичко време користен во моторните санки кои се борат со минусните температури на планините во Полска
•             Два Royal Enfield 500cc мотори користени за возење на Buggy по песочните дини и високите температури во пустината Тар
•             Rolls Royce Viper турбо мотор, користен за бродски двосет кој плови во водите на Лох Нес во Шкотска
•             Volvo 850 T5R, користен за освојување на стрмните карпи во екстремните скандинавски мото спортови
•             U KTM 125 SX мотор, користен за гравитациско освојување на австралиската Дахстајн планина
Љубителите на брзината, ги обожуваат погонските мотори, машините кои ги движат нивните возила. Во новиот серијал „Зависник од мотори со Џими

Пронајдете не на следниве мрежи: