Моторите на Путин и Борисов

Бојко Борисов се најде на удар зашто низ Софија се шетале некои моторџии што имале некаква врска со Владимир Путин, а не им дозволил на американски воени авиони да ја надлетуваат Софија во чест на американскиот ден на независност – 4 јули. Некој ден по канонадата што му ја упати Соломон Паси, поранешен бугарски министер за надворешни работи, за истата работа Борисов бил прашан и во бугарскиот парламент. Kако смеел да има таков двоен аршин? Демек, на една страна, ги пушта моторџиите на Путин, а на друга, ги забранува американските авиони. Kаква политика било тоа?Борисов секогаш остава впечаток на смирен човек, но изгледа ова и за него било премногу. И му дошло преку една работа. Па парафразирано од наша страна, вели: Уморен сум од тоа наводно балансирање меѓу едните и другите. Додека ние балансираме, Германија си го изгради „Северен тек 1“, а сега ќе го гради „Северен тек 2“. И тоа во време на наводни санкции кон Русија. И, така, додека Германците добиваат енергија, Бугарија треба да внимава кој мотор низ Софија се вози за тоа да не биде доведено во врска со некакво заземање страна кон Русија или обратно. Ама ќе остане без гас зашто „Јужен тек“ не смее да го гради.
Бојко Борисов знае што говори. Впрочем, бугарскиот Сорос него еднаш го урна од власт и тоа со истите методи и со истите луѓе (екскомунисти) со кои беше изведен пучот и во Македонија. Истовремено, Борисов и Бугарија се всушност слика што можеме да ја гледаме од некаква дистанца, а која покажува каков е односот на нашите „пријатели“ кон малите земји. Мрднеш ли малку до нивните заповеди, веднаш ги ангажираат домицилните слуги да почнат да лаат. Тоа само по себе го изместува тежиштето на разговорот: ајде што е малоумно да се расправаш за тоа дали некои мотори треба да возат по твоите улици и дали воени авиони на туѓа земја можат да надлетуваат над твојот главен град во чест на туѓ празник кон кого Бугарите сигурно имаат почит, но тој празник, сепак, не е нивен. Од друга страна, замислете ако Русите почнат да бараат нивни авиони да ги надлетуваат градовите низ Европа во оние земји што тие ги ослободувале во Втората светска војна и ако имаат платени луѓе кои потоа ќе почнат да „бомбардираат“ по медиумите ако барањето на Москва биде одбиено.
Но, тоа веројатно е судбината на малите земји кога наспроти себе имаат пријатели што пријателството го сфаќаат малку поинаку. Kојзнае, можеби вината е пак кај нас. Нели, ние сме Балканци, па како такви сигурно имаме искривени вредности за поимот пријателство. Поради што веројатно ни треба нова директива.
 
Дарко Јаневски за ДневникБорисов секогаш остава впечаток на смирен човек, но изгледа ова и за него било премногу. И му дошло преку една работа. Па парафразирано од наша стр

Пронајдете не на следниве мрежи: