Доходноста е зголемена за цели 7,8% во однос на истиот квартал претходната година
Motorola продолжува со добрите пазарни перформанси и во вториот квартал на фискалната 2018/2019 година. Преку голем број на стратешки деловни потези, вклучувајќи намалување на трошоците, оптимизирање на портфолиото на производи и фокусирање на водечките профитабилни пазари, периодот беше исклучително успешен за Motorola.
Резултат на тоа е постигнувањето на клучна бизнис цел – намалување на оперативните трошоци за 175 милиони долари во споредба со истиот квартал претходната година и остварување на профит.
“Работевме постојано и внимателно, па затоа не е изненадување што успеавме да постигнеме огромна стратешка цел – да оствариме профит само три години по огромните инвестиции кои беа направени по преземањето. Оттука очекуваме природен раст. Верувам, дека допрва ќе се зборува за Motorola” – изјави Владислав Иванов, генерален менаџер на Motorola за Југоисточна Европа.
На одредени пазари Motorola забележува импресивен раст. Во Северна Америка, испораките пораснаа за 53,4% во споредба со истиот квартал претходната година, додека раст има и кај маржата.
Motorola ја држи втората позиција на пазарот во Латинска Америка
Бизнисот во Кина регистрира значителен раст на приходите, обемот и профитабилноста – соодветно 84,6%, 279,4% и 25,2%.
За Motorola
Motorola Mobility LLC беше купена од Lenovo Group Holdings во 2015г. Motorola Mobility е подружница на Lenovo и е одговорна за дизајнирање и производство на сите производи со марката Moto и Motorola.
За Lenovo
Lenovo е глобална компанија, вредна 45 милијарди долари, светски рангирана во Fortune 500 со визија да стане лидер во сферата на интелигентната трансформација со посредство на паметни уреди и инфраструктура кои го обезбедуваат најдоброто корисничко искуство. Портфолиото на Lenovo е едно од најшироките во светот со поврзани производи, вклучувајќи смартфони (Motorola), таблети, компјутери (ThinkPad, Yoga, Lenovo Legion), работни станици, како и AR/VR уреди и паметни решенија за дома. Решенијата за центри за податоци на Lenovo (ThinkSystem, ThinkAgile) создаваат капацитет и компјутерска моќ на врските кои го менуваат бизнисот и општеството. Lenovo работи за да ја инспирира разликата во сите и да изгради попаметна иднина каде што секој успева. Следете нè на Facebook или посетете не на www.lenovo.com/mk/mk/.
Пронајдете не на следниве мрежи: