Со поимот Мовембер се среќаваме секоја година, штом наближи и во текот на месец ноември, на различни збиднувања, настани и добротворни акции. Овој поим доаѓа како кованица од деминутивот на зборот мустаќи во австралиско-англискиот речник и зборот ноември, претпоследниот месец од годината. Целта на Мовембер движењето е да се подигне свеста за целокупното машко здравје и традиционално се одбележува со растење на мустаќите кај машката популација.Токму по повод месецот посветен на машкото здравје, Скопје Мериот хотел исто така се вклучува во Мовембер активностите, кои ќе придонесат за исполнување на главните цели на движењето. Покрај добротворните акции кои во текот на целиот месец се случуваат во Дистрикт бар и ресторан, Скопје Мериот го објавува и специјалното издание на спа Мовембер.
Во Спа и фитнес центарот на Скопје Мериот, третманот на лице за мажи, претставува едноставен и ефективен начин за решавање на проблемите со кожата на лицето кај машката популација и помага при заштита од надворешни влијанија и ефекти од секојдневното бричење. Третманот на лице за мажи вклучува масажа на лице, козметички третман, маска за лице, масажа на скалпот и трае вкупно 90 минути. За секој ваков третман резервиран и направен во текот на месец ноември, Скопје Мериот Спа и фитнес центарот на своите клиенти им подарува подарок од спа колекцијата Џун Џејкобс, 3 во 1 препарат за чистење на лицето.
За сите подетални информации, може да се обратите на телефонскиот број 02 510 2525.Токму по повод месецот посветен на машкото здравје, Скопје Мериот хотел исто така се вклучува во Мовембер активностите, кои ќе придонесат за исполн