Може ли да се патува без пари?

Може ли да се патува без пари? Дознајте во новиот серијал „Со празни џебови на пат“ на ДискавериМоже ли да патувате низ светот ослонувајќи се само на сопствената итрина и помошта од странците? Постои таков кој верува во тоа. Авантуристот и експерт за преживување Роб Гринфилд тргнува на епско патување со доста голем план- да ја пропатува цела Јужна Америка без пари. Со себе носи само пасош и четка за заби, а си задал цел дека за 72 дена ќе помине повеќе од 9000 километри.
Со него патува и камерманот Џејмс Левел кој го снима секој негов чекор од нивното заедничко патување и пробува да живее во склад со „бесплатниот“ поглед на животот кој го има Роб. Кога ќе се соочат со јазичната бариера, големите културни разлики, бури, големите жештини и истоштувачки терен, колку далеку ќе успеат да стигнат без денар во нив? Дознајте во новиот серијал на Дискавери „Со празни џебови“ кој започнува од недела во 22 часот.
„Целата визија на патувањето се базира на обидот да патуваме и преживуваме со што е можно помалку пари, со тоа што и тргнавме на патувањето без бари, а идејата е да ги задоволиме потребите со размена и трговија со други луѓе. Серијалот се вика „Со празни џебови на пат“ и подразбира дека немаме пари, но ништо не е бесплатно. Секогаш моравме да работиме во замена за кревет за преспивање или топол оброк, ја користевме својата снаодливост за да пронајдеме  храна која би се фрлила или средства кои ни се потребни. Тоа е комбинација на наоѓање луѓе кои може да ни помогнат, но и ние да можеме да им помогнеме, како и да бидеме снаодливи во наоѓањето на ресурси. Преживувањето без пари никако не е еднонасочна улица, станува збор за наоѓање на што е можно повеќе начини да им помогнеме на другите со надеж дека и тие ќе ни помогнатнам.“ изјави Гринфилд за серијалот.Може ли да патувате низ светот ослонувајќи се само на сопствената итрина и помошта од странците? Постои таков кој верува во тоа. Авантуристот и екс

Пронајдете не на следниве мрежи: