Дали имате навика да го читате составот на производите кои ги користите? Можеби да, можеби не. Сепак, она што е сигурно е тоа дека нема да ви биде сеедно кога ќе дознаете што се` се содржи во производите кои ве разубавуваат.
1.Измет од кит
Дали верувате дека е можно парфемите да имаат некаква врска со изметот? Да, можно е и тоа станува збр за измет од кит.
2.Шкрги од риби
Гуанинот е кристална супстаниција која создава ефект на светлост. Се наоѓа во шкргите на рибите и е составен дел на маскарите и лаковите за нокти.
3.Карминот, сенката за очи и сапунот имаат ист состав
Можеби сте слушнале дека сапунот се прави од лој, но сенката за очи и карминот? Веројатно не. Само за потсетување, лој се создава откако ќе се одвои маста на мртвите животни и потоа се пргиотвува.
4.Динамит во дезодорансите
Еден вид карпа која се користи за правење динамит, е дел и од составот на многу дезодоранси. Белот прав влегува и во составот на прашоците и избелувачите на заби.
5.Ланолин во кремите за бричење
Ланолин е природна маст која ја штити волната на овците. Кремите за бричење, балсамите и лосионите ја содржат оваа маст.
Дали имате навика да го читате составот на производите кои ги користите? Можеби