Научиците открија дека мирисот на нашите гасови може да помогне при намалувањето на ризикот од многу болести како што се ракот, срцевите заболувања и деменцијата.Водород сулфидот е еден од смрдливите гасови кои создаваат бактерии при распаѓањето на храната во цревата. Овој гас е токсичен во големи количества, но во помали дози помага при заштита на клетките во борбата против болести, заклучок е на истражувањето спроведено на Универзитетот Ексетер.
Кога клетките се погодени од болести, тие ги активираат ензимите да прават мали количества водород сулфид. Оваа супстанца помага при зачувување на митохондриите кои се произведувачи на енергија во клетките, но и е регулатор на воспалителни процеси. Без митохондриите, клетката едноставно би згаснала.
Истражувачите откриле нова компонента која ја нарекле АП39, а му помага на телото да ги произведува потребните количини на водород сулфид.
Се верува дека таа може да го спречи или смени процесот на оштетување на митохондриите, што е најважно за спречување на мозочен удар, срцеви заболувања, дијабетес, артритис, деменција и процесот на стареење генерално.
„Кога клетката е погодена од болест, таа ги активира ензимите да генерираат мало количество водород сулфид. Тоа ја одржува работата на митохондриите и ја одржува клетката во живот. Без нив, клетката би умрела“, вели проф. Мет Витмен.
Испитувањата сѐ уште не се вршат врз луѓе, но првите резултати укажуваат на тоа дека супстанцата АП39, при деструктивни состојби како што се кардиоваскуларните болести, би можела да помогне да преживеат дури 80% од митохондриите.
„Иако водород сулфидот е познат како смрдлив гас кој е присутен во расипаните јајца и нашите сопствени гасови, би можел да се покаже како значаен во идните третмани за многу болести“, изјавил д-р Марк Вуд, еден од истражувачите.Водород сулфидот е еден од смрдливите гасови кои создаваат бактерии при распаѓањето на храната во цревата. Овој гас е токсичен во големи количества



