Тимот научници од Калифорнија, тврдат дека пронашле начин како се инјектира способноста за ноќно гледање во човечките очи. Тие го тестирале својот раствор на доброволецот Габриел Лицина, кој имал способност да гледа на растојание од 50 метри во потполна темница, пренесе Gizmag.Тој можел да ги забележи луѓето како трчаат низ шумата во темница цело време, за разлика од другите луѓе кои не користеле капки и биле успешни само во третина од случаите.
За време на експериментот беше користен раствор наречен хлорин е6, што може да се најде во риби кои живеат на голема длабочина. Истиот се користи и во истражувањата поврзани со разни видови на рак.
Комбинирајќи го овој раствор со инсулин и физиолошки раствор, тимот создал течност што го подобрува видот во темница.
Сепак, научниците препорачуваат луѓето да не го спроведуваат експериментот на своја рака.
„Грешките при употребата можат да предизвикаат штета на очната површина, солзите и потенцијално губење на видот“, објаснуваат овие биохакери.Тој можел да ги забележи луѓето како трчаат низ шумата во темница цело време, за разлика од другите луѓе кои не користеле капки и биле успешни само



