Можеби сте забележале дека во филмовите ретко се пее „Happy Birthday“. Постои добра причина за тоа!

Дали некогаш сте се запрашале зошто песната „Happy Birthday“, не се слуша често во филмовите? Причината е едноставна. Имено, таа песна е премногу скапа. Оваа песна, која во 1998 година беше прогласена за најпрепознатлива песна на англиски јазик во светот, беше заштитена со авторски права, а нејзин сопственик е Warner Music Group.Накнадата за нејзино користење е прилично висока, а Warner Music Group годишно од неа заработува околу 2 милиони долари. Оваа песна навистина ретко се користи во филмовите, а кога случајно е вметната, сцената се мести така што таа треба да се прекине со друга песна за да не мора да се плати полн износ, туку само мала надокнада за помал ден од отпеаната песна.
Според неофицијални информации, во зависност од тоа колку трае сцената и колку луѓе ја пеат, Warner наплаќаат и по 5.000 долари од филм, како што е во „Hoop Dreams“.
За документарецот „The Corporation“, Warner наплатиле 10.000 долари.
Мелодијата на „Happy Birthday“ датира од 1893-та, кога била изведена во „Good Morning to All“ од двете сестри Пети и Милдред Џеј Хил.
Warner во 1988 година ги откупиле правата на песната за 25 милиони долари.
Во 2013 година, Џенифер Нелсон направила документарец за „Happy Birthday“, не знаејќи дека изведбата се наплаќа.
Таа била тужена, но се обидела да се брани со тоа што правата се однесувале на оригиналната изведба на пијано, но не и на пеењето или други инструменти.
Според нејзиното тврдење, правата на песната одамна се истечени. Судот треба да одлучи дали со авторско право треба да се заштити само пијано верзијата од 1935 година, или пак песната во целост.Накнадата за нејзино користење е прилично висока, а Warner Music Group годишно од неа заработува околу 2 милиони долари. Оваа песна навистина ретко

Пронајдете не на следниве мрежи: