Можен е спас на милиони животи:Откриен „рецепт“ за вештачка крв!

Црвена течност која се состои од вода, сол, протеини, кои се издвоени од ткивата на морските црви и ја прават вештачката крв поотпорна, велат научниците.Тимот од научници од Универзитетот во Романија Клуј-Напока во северозападниот дел од земјата, создале рецепт за вештачка крв.
Првите резултати се охрабрувачки, а научниците работат интензивно на новите откритија во последните шест години. Овој тим го води 39-от професор Раду Димитреску.
Вештачката крв била од голема помош на лекарите во интервенции после големи несреќни случаи и тешки операции.
Црвената течност составена од вода, сол, протеини, Albun hemeritrina, пренасочени од ткивата на морските црви при што добиената крв е поотпорна.
Истражувачите тврдат дека првите резултати од експериментите направени на лабораториски глувци се охрабрувачки.
Најголемиот успех до сега е тоа што телото ја прифатило оваа крв без последици од инфекции или воспаленија. Пред тестирањето на луѓе, за кои се потребни сериозни дозволи, морале прво да утврдат дека вештачката крв апсолутно нема токсини, изјавил професорот Димитреску за Mediafax, пренесуваат од BalkanEU.com

Пронајдете не на следниве мрежи: