Можете да го насочите умот кон среќни мисли!

Дали некогаш сте се чувствувале толку тажно, луто или анксиозно, да едноставно сте посакале да побегнете од себе и веднаш да се ослободите од лошите мисли?Иако лошите мисли се понекогаш дел од поголеми проблеми како депресија, сите од време на време имаме лоши мисли, кои во моментот не можеме да ги игнорираме. Сепак, одредени доктори сметаат дека здравите луѓе самостојно можат да ги „преобратат“ мислите со еден едноставен трик.
Амит Суд, доктор и професот по медицина, тврди дека здравите луѓе во своите умови имаат „прекинувач“ кој може лесно да се најде и да се истренира така да биде достапен во секое време.
Тој две децении проучувал на илјадници пациенти кои имале проблеми со расположението. Заклучокот бил едноставен – човечкиот мозок континуирано се префрла измеѓу две состојби.
Првата состојба е стандардна во која нашите мисли се слободни и неврзани за моменталното опкружување, а другата состојба е фокусирана на моменталното опкружување.
Накратко, нашиот мозок работи во „стандардна состојба“ 50% или повеќе од 50% од будната состојба и многу се користи кога е во прашање креативноста и поврзувањето на настаните. Од друга страна, одредени луѓе во оваа состојба поминуваат премногу време, што резултира со настанување на лоши мисли.
Со оглед на тоа дека фокусирањето на конкретна работа, хоби, тема, филм или книга, повремено ги решаваме мислите кои не загрижуваат. Тој предложува да ја истренираме фокусираната состојба за да можеме да ја активираме по потреба и така ќе се ослободиме од негативните мисли.Иако лошите мисли се понекогаш дел од поголеми проблеми како депресија, сите од време на време имаме лоши мисли, кои во моментот не можеме да ги иг

Пронајдете не на следниве мрежи: