Можни се терористички напади на Скопје и Приштина!- Предупредува Косовската полиција

Според информации на косовската полиција, личности блиски до албанскиот лидер на ИСИС, Лавдрим Мухаџери, наредиле во Приштина и Скопје да се извршат терористички напади. Во Приштина веќе биле преземени зголемени безбедносни мерки, пренесуваат приштинските медиуми.Според информации на косовската полиција, личности блиски до албанскиот лидер на ИСИС, Лавдрим Мухаџери, наредиле во Приштина и Скопје да се извршат терористички напади. Во Приштина веќе биле преземени зголемени безбедносни мерки, пренесуваат приштинските медиуми.
Според дел од македонските медиуми, безбедносните мерки се зголемени и во некои македонски касарни.
Пред неколку дена џихадисти од регионот во Сирија преку видеоснимка повикаа на напади на Косово, во Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.
Косовските медиуми објавуваат дека косовската полиција добила наредба за преземање на сите неопходни мерки за заштита на безбедноста на земјата.
Според некои информации, била пресретната комуникација на Албанец од Македонија што е во конфликтната зона во Сирија и Ирак и е близок со Лавдрим Мухаџери, а разговарал со поединци за напади во текот на јуни на Косово и во Македонија. Препораките биле во терористички напади во Приштина и Скопје да има што поголем број човечки жртви и голема материјална штета.
Освен Скопје и Приштина, планирани биле напади и по други градови од регионот.
ТВ Телма денеска јави дека во касарната „Гоце Делчев“ во скопската општина Аеродром се вршеле проверки на возилата, легитимирање на возачите и било очигледно засиленото присуство на воената полиција. Според информации на Телма, за еден степен е зголемена борбената готовност на АРМ. На влезовите на сите армиски објекти проверките од претходно беа подетални.
Припадниците на воената полиција со специјални уреди го проверуваа подвозјето на возачите заради откривање експлозивни направи под автомобилите.
Од Министерството за одбрана ги демантираат ваквите информации велејќи дека биле спроведени мерки и активности на засилена контрола, но во моментов не се отстапува од нормалната воспоставена процедура.
Безбедносните служби веќе подолг период предупредуваат дека во регионотима повеќе од 800 обучени џихадисти.Според информации на косовската полиција, личности блиски до албанскиот лидер на ИСИС, Лавдрим Мухаџери, наредиле во Приштина и Скопје да се изврша

Пронајдете не на следниве мрежи: