Ако е можно, какви критериуми да се применат?Ако се историски, ќе видиме дека ВМРО сакаше наша држава, наша химна, пара, репрезентација… СДСМ сакаше слика на Тито во Собрание и Хеј словени химната да се свири.
Ако е по невработеност, бројкат на невработени кај СДСМ беше 38%, а кај ВМРО е помала од 25%.
Ако е по патна инфраструктура, ВМРО во ист момент гради три автопати а изгради стотина локални патишта. Додека СДСМ не изгради ништо.
Ако е по отчетност, по исполнителност, СДСМ не вработи по еден од секое семејство, не бепе ФИРОМ привремена референца за само три месеци, не се рассветли ТАТ на “свети СДСМ“… Кај ВМРО, напишаното во програмата се исполни до последен проект, цифра, зададен датум.
Скопје во врмето на СДСМ личеше на Тирана од времето на Енвер Хоџа. Скопје сега личи на метропола.
Овакви споредби можат да одат до недоглед. За судство, олигарси, приватизација, земјоделство…
Затоа и говорите на Никола Груевски траат со часови. Толку проекти има направено, не се дбројуваат, не се допрочитуваат.
Еве, во сегашноста да споредиме.
Од една страна СДСМ има Спецјална јавна обвинителка како излезена од “специјална“ паралелка (во мое време имаше такви за дечиња со поспор развој). Обвинителка која не може да прочита “Перо јаде леб“ или “Шана шие на машина“.Од таа страна имаш привремен Министер каков што е Спасовски што апси без судски налог, противзаконски. Имаш привремен заменик министер како Кире Наумов кого директорите од Маџар Телеком го класифицирале во нискоинтелигентен идиот.
Од спротива, само во последниов месец имаш странски инвестиции што ги донесува ВМРО кои се побројни од оние што ги споменала (Ауди, на пример) а не ги донела СДСМ. Проектот “Купи куќа за млади“ е револуционерна реформа за овозможување на пристоен, комотен и стабилен живот на младите луѓе. Реално, тоа е левиарски потег на македонската десница. Тоа се незамисливи проекти, што никому, со исклучок на Груевски и ВМРРО не му текнале. Млад брачен пар да има куќа од 120 квадрати што ќе чини како 30 квадратни метри гарсоњера во Скопје, а при тоа државата да ја субвенционира градбата, односно младиот човек да не се фати за џеб (не мора да се има кеш, влогови и сл.), е само по себе неверојатно.
Ви-за-ви ова со куќа за млади што го гледам не вестите на телевизиите, на истите вести ја гледаме мрмутската фаца на Кире Наумов кој се обидува да спречи редовно исплаќање на пари од буџетот на републикава.
Велам, тешко се прави споредба. Дури мислам дека е невозможно.
Затоа е и невозможно СДСМ да победи на избори сега или по десет години. Едноставно неспоредлива е ВМРО со СДСМ, пишува Дудинка.мкАко се историски, ќе видиме дека ВМРО сакаше наша држава, наша химна, пара, репрезентација… СДСМ сакаше слика на Тито во Собрание и Хеј слов