Можно мрачно сценарио за Бугарија

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов објави дека на Бугарија и се заканува можен банкрот и можно напуштање на НАТО Алијансата, доколку не биде нешто сменето во досегашната политика на владеење. Тој предупреди дека ако неговата партија не освои солидно мнозинство самата да формира влада, ќе се случи големо мрачно сценарио за земјата.Ситуацијата е таква што, како што во зимно време не и даваме на жена да вози, туку пуштаме да се качи најдобриот возач, така и сега прашањето е дали ќе ја избегнеме катастрофата во која сме во моментов. Да не западнеме во несреќа и да одиме надолу како Грција.Тука во еден момент ќе стане прашање и за излегување од НАТО, изјави Борисов.

Борисов бара да има 121 пратеник, за да може сам да ја формира идната Влада. Пораката му беше упатена до Меглена Кунева, водачот на новоформираниот Реформски блок кој обединува повеќе десни партии кои се натпреваруваат за гласовите на ГЕРБ. Реформскиот блок најави дека е отворен за соработка со ГЕРБ, но под услов во Владата да влезат само лица со чист углед, што би значело дека во неа ќе нема место за Борисов или неговите блиски соработници како Цветан Цветанов и Симеон Ѓанков.
Изборите ќе се одржат на почетокот на октомври.Ситуацијата е таква што, како што во зимно време не и даваме на жена да вози, туку пуштаме да се качи најдобриот возач, така и сега прашањето е дал

Пронајдете не на следниве мрежи: