Можно разрешување, но и затвор до три години поради несовесно и нестручно вршење на функцијата

Од разрешување од функцијата јавен обвинител поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, па до елементи за злоупотреба на службена положба и овластување, за која следува казна затвор од шест месеци до три години. Ова го предвидуваат Законот за јавното обвинителство и Kривичниот законик за суштинска и битна повреда на Законот за кривичната постапка, како што е несоставувањето записник од специјалната јавна обвинителка Kатица Јанева при предавањето на материјалите од незаконско прислушување од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев.  Иако Јанева две недели одбиваше да одговори дали записник е составен на 30 декември, кога беа предадени шест кутии и еден надворешен хард диск од СДСМ, пред три дена самиот Заев јавно призна дека ваков документ не е составен и потпишан.
Јанева и вчера, по рочиштето за „Пуч“ не сакаше да одговори дали е направен пропуст коментирајќи дека прашањето е надвор од темата, иако претходно одговараше и на други прашања надвор од оние за „Пуч“. Таа за денеска вети соопштение.
Според членот 68 од Законот за јавното обвинителство, јавен обвинител се разрешува од функцијата: поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршењето на функцијата јавен обвинител пропишана со закон и поради нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител под услови утврдени со закон. Постапката се покренува во рок од 30 дена од дознавањето, но не подолго од две години од денот кога повредата е сторена.
Несомнена дисциплинска одговорност
– Несоставувањето записник е една од најтешките битни повреди на ЗKП, бидејки тој предвидува составување записник за секое преземено истражно дејство бидејќи од тоа понатаму зависи текот на постапката. Последиците од несоставување записник се големи. Несомнено е дека во случајот целосно се исполнети елементите за дисциплинска одговорност – велат експерти
 Тие се децидни дека постапката, наместо преку Јавното обвинителство и Советот на јавните обвинители како во случајот со редовните обвинители, би се одвивала преку Советот на јавните обвинители и Собранието на РМ. Според Законот за специјалното обвинителство, „Јавниот обвинител се разрешува од функција пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Ако Советот на јавни обвинители почне постапка за разрешување на Јавниот обвинител, Советот на јавните обвинители во разумен рок ќе достави извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување до Собранието на Република Македонија“.
Собранието, со претходна согласност на четирите најголеми партии, треба да состави предлог за разрешување. Предлогот за разрешување Собранието го носи со двотретинско мнозинство плус Бадентер. Потоа парламентот ваквиот предлог му го доставува на Советот на јавните обвинители, а тој го врши разрешувањето.
Елементи и за кривична одговорност
Од Советот на јавните обвинители ни потврдија дека на наредната седница ќе го отворат прашањето дали на Јанева ќе ~ побараат извештај за тоа како е извршено примопредавањето на материјалите. Но освен дисциплинска одговорност, кривичарите што ги консултиравме велат дека постојат елементи и на кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување, со тоа што во овој случај судски треба да се докажува дека имало свесна намера кај Јанева да не состави записник.
Според членот 353 од Kривичниот законик, службено лице што со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
Ако се направи поголема или значителна штета, казната може да биде и построга, односно до пет години затвор или минимум три години затвор. 
МАТЕРИЈАЛИТЕ НА ЗАЕВ СЕГА СЕ НЕУПОТРЕБЛИВИ ВО ПОСТАПКА
Без записник, материјалите што ~ ги предаде Зоран Заев на Kатица Јанева се сметаат за незаконски прибавени и како такви не можат да бидат користени во постапка.
 Ако се утврди дека несоставувањето записник било со намера материјалите да не бидат искористени како доказ во некои идни постапки против Заев, може да постојат елементи и за друго кривично дело освен злоупотреба на службена положба – велат јавните обвинители што ги консултиравме.
Тие укажуваат на членот 368 од Kривичниот законик што се однесува на спречување докажување, каде што се вели дека „тој што со намера да го спречи или отежне докажувањето ќе скрие, уништи, оштети или делумно или целосно ќе стори неупотреблива туѓа исправа или предмет што служи за докажување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“. Во овој случај не постои можност ни записникот од примопредавањето да се состави подоцна од самото предавање.
Доколку Јанева и Заев направат записник отпосле, може да се зборува и за фалсификување службена исправа каде што е предвидена казна затвор од три месеци до пет години.
Извор: Дневник.мкИако Јанева две недели одбиваше да одговори дали записник е составен на 30 декември, кога беа предадени шест кутии и еден надворешен хард диск од С

Пронајдете не на следниве мрежи: