Пред повеќе од петстотини гости, претставници на националните канцеларии на Фибула Груп од шест земји, Фибула Турција, Фибула Босна и Херцеговина, Фибула Македонија, Фибула Косово, Фибула Романија и Фибула Србија, како и партнерските тур-оператори од регионот, ќе бидат презентирани можностите на македонскиот влезен туризам.За туристичките капацитети на земјата и перспективите, пред гостите ќе говорат претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. На присутните тур-оператори од Балканот ќе им бидат презентирани локалитетите и занимливостите во земјата, од областите на традиционалниот и алтернативен туризам.
Собирот на туристичката мрежа на Фибула Група, ќе се одвива на 3ти и 4ти април, во хотелот Изгрев во Струга, кој во 2014 година беше комплетно реновиран во хотел со 5 ѕвезди, како целосна и самостојна инвестиција на Фибула Групата. На настанот воедно ќе биде одбележано и 20годишното постоење и унапредување на туризмот на Фибула во регионот.
Фибула е основана во 1995 година, со седиште во Анталија. Веќе во 1998 година, генералниот менаџер, г-дин Ајхан Мавису ја проширува мрежата на Фибула во земјите на Балканот, а од 1999 година вклучувајќи ја и Македонија.
Работејќи како туристички оператор во земјите од регионот веќе 20 години, со повеќе од 150 вработени, Фибула во моментов е најголемата туристичка мрежа на Балканот.За туристичките капацитети на земјата и перспективите, пред гостите ќе говорат претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот