Мозочната активност продолжува до 10 минути после смртта, покажа најновото истражување на тимот на лекари од универзитетот во западен Онтарио во Канада, а сето ова може да доведе до нови медицински и етички предизвици.Канадските лекари кои што работат на одделот за интензивна нега забележале дека човечкиот мозок продлжува да работи дури и откако ќе настапи клиничка смрт кај пациентот.
Во еден од случаите на кои што присуствувале, лекарите констатирале смрт кај пациентот врз основа на вообичаените знаци, отсуство на пулс или немање на било каква реакција. Меѓутоа, тестовите покажале дека мозокот продолжува да функционира, а мозочните бранови работеле исто како што работат и во текот на сонот.
Само еден од четворица пациенти покажал долготрајна и мистериозна мозочна активност, додека активноста кај повеќето од пациентите престанала пред срцето да престане да бие. Но, секој мозок се однесувал поинаку во минутите после смртта, зголемувајќи ја мистеријата околу тоа што точно се случува после смртта.
Лекарите не знаат која е причината, ниту пак целта на ваквите мозочни активности и многу се внимателни кога станува збор за изнесувањето на било какви заклучоци. Сепак, уверени се дека не станува збор за никаква грешка со оглед на исправноста на сите медицински уреди со кои што се следи мозочната активност.
Претходно, лекарите веруваа дека сите активности на мозокот престануваат во текот на една минута после смртта, но тие истражувања се темелеле на експеримент над глувци, а истражувачите не пронашле сличност кај луѓето.
Што се случува со телото и умот после смртта и натаму останува мистерија за научниците. Минатата година беа објавени две студии во кои што истражувачите утврдиле дека и гените продолжуваат да функционираат дури и со денови после смртта.
Канадските лекари кои што работат на одделот за интензивна нега забележале дека човечкиот мозок продлжува да работи дури и откако ќе настапи клинич