Мозокот може ПОДОБРО ДА ФУНКЦИОНИРА со помош на овие напитоци!

Сте се запрашале ли некогаш дали е можно да се биде попаметен со редовно консумирање на одреден напиток? Ќе мора да ве разочараме – тоа едноставно не е возможно. Но сепак е возможно со внесувањe на одредени напитоци, да му се обезбедат на мозокот сите неопходни нешта за тој да функционира подобро.Сок од калинки
Сокот од калинки има моќна антиоксидативна моќ, помоќен е дури и од црното вино и зелениот чај. Прелиминарни студии покажаа дека антиоксидативниот капацитет на сокот од калинки е три пати помоќен од истото количество на зелен чај или црно вино. Заштитното влијание му се препишува на присутните фитохемикалии: полифеноли, танини и антоцијани. Според препораките на израелските научници, една чаша сок од калинки дневно, може да го намали ризикот од заболување од кардиоваскуларни болести, а докажано е и дека ја подобрува меморијата.
Чај
Изберете црн или зелен чај, кој и да ви се допаѓа повеќе. Чајот е одличен начин за да ја зголемите активноста на мозокот, бидејќи ЕГКГ или епигалокатехин­3­галат кој се наоѓа во зелениот чај, докажано го зголемува производството на мозочни клетки и ја чува меморијата. Научниците тврдат дека тој е богат со антиоксиданси кои му се неопходни на нашиот мозок, но и на целиот организам.
Какао
Флавонолите во какаото се клучни за намалување на крвниот притисок, па нивниот редовен внос значи и помали оштетувања на мозокот со текот на времето. Покрај значајното намалување на ризикот за добивање на мозочен удар, уште една добра карактеристика за многумина на кои омилениот напиток им е токму какаото, е што токму една чаша топло какао влијаe особено позитивно на меморијата.

 

Црвено вино
Бројни истражувања покажаа дека полифенолите во виното (па дури и во чоколадото) го зголемуваат притисокот на крв во мозокот. Ресерватолот од виното исто така има позитивно влијание врз функциите на мозокот, но клучот кога е алкохолот во прашање е умереноста. Колку што е добар во мали количества, толку е лош и во големи количества.
Вода
Покрај фактот дека водата чини 70 отсто од нашето тело и дека ни е потребна за да ги исфрлиме токсините од телото, и да направи кожата да биде сјајна и хидратантна, водата исто така помага и кислородот да доспее полесно до мозокот. Токму затоа кога сме дехидрирани имаме главоболки и не можеме да размислуваме јасно.
Сок од јаболко, морков и цвекло
Ако ги измешате овие три намирници во блендер, не само што ќе добиете една преубава комбинација, туку ќе добиете и напиток кој е исклучително богат со антиоксиданси, витамини и минерали. Цвеклото го зголемува нивото на оксиданти во мозокот, морковот содржи бета каротен кој не е добар само за видот, туку и помага во регенерација на мозокот, додека јаболкото докажано помага во спречување на настанокот на Алцхајмерова болест.
 Сок од калинки
Сокот од калинки има моќна антиоксидативна моќ, помоќен е дури и од црното вино и зелениот чај. Прелиминарн

Пронајдете не на следниве мрежи: