МПЦ-ОА со СООПШТЕНИЕ за сквернавењето на темели за изградба на Крст во населбата „Бутел“ во Скопје

СООПШТЕНИЕ
Скопската православна епархија при Македонската православна црква, најостро го осудува вандалскиот чин на осквернување на осветените и благословени темели за изградба на Крст во населбата „Бутел“ во Скопје.Скопската православна епархија при Македонската православна црква, најостро го осудува вандалскиот чин на осквернување на осветените и благословени темели за изградба на Крст во населбата „Бутел“ во Скопје.
Со тоа (не)дело, кое по ништо не се разликува од актуелните дејства на разните радикализми на Блискиот Исток и на Африканскиот континент, во односот кон христијаните и нивните светилишта, денес во Р. Македонија се суспендирани Уставот, законите и одредбите, и тоа од оние што се дел од извршната власт, а кои треба да ги почитуваат, промовираат и заштитуваат законите и правата на граѓаните, без разлика на нивната национална и верска припадност.
Ваквиот божем партиски напад, врз верска основа а очигледно за политички цели, прави граѓаните на Република Македонија, особено христијаните, да се чувствуваат згрозени и загрозени од недемократското насилничко однесување и непочитувањето на основните верски права од страна на оние што себеси се нарекуваат демократи.
Ги повикуваме соодветните државни институции да го вратат владеењето на правото и поредокот и да го заштитат местото каде се поставени и благословени темелите за изградба на Крстот.
Ги повикуваме, исто така, и претставниците на меѓународни демократски институции, кои обично секогаш се залагаат за заштита на човековите права и слободи, да го осудат овој грозоморен чин и да им укажат на извршителите, дека тоа не се вредности ниту на една демократија. Исто така, ги повикуваме и охрабруваме поборниците за слобода и демократија во нашата држава, да го кренат својот глас и преку демократски средства да повикаат на заштита на загарантираните права на христијаните во сопствената земја.
Ги повикуваме граѓаните, без разлика на национална и верска припадност, да останат смирени на оваа и можните слични вакви провокации и да остават институциите на системот да го вратат владеењето на демократијата и правниот поредок во земјата.
Од Канцеларијата наСкопската православна епархијаСкопската православна епархија при Македонската православна црква, најостро го осудува вандалскиот чин на осквернување на осветените и благословени

Пронајдете не на следниве мрежи: