Скопската православна епархија, свештенослужителите и верниот народ, како и поддржувачите за возобновување на некогашниот православен храм „Свети Константин и Елена“ изразуваат негодување и чудење поради најновите најави од страна на општината Центар (Решение за одржување на Совет – точка 14), актуелни деновиве во јавноста, за ставање вон сила на веќе донесената одлука на Советот на оваа општина за ДУП „Централно градско подрачје на Град Скопје“ за Центар, со која е издадено одобрение за изградба на православниот храм „Светите Константин и Елена“ (УП1 бр. 26-1732 од 9. 11. 2012), на парцелата бр. 12056/6, КО Центар 1.
Евентуалното донесување на таква одлука, ќе биде сфатено како директен атак над Македонската православна црква и особено кон православните верници во општина Центар, како однесување својствено за некои минати времиња. Таквиот акт ќе значи и газење врз спомените за храмот, како и непризнавање на долгогодишниот вложен труд и иницијативите на сите луѓе вклучени во процесот за поправање на нанесената неправда со уривањето на поранешното светилиште, посветено на овие славни светители, кое постоело на најцентралното градско подрачје, а било урнато под сомнителни околности и аргументи.
Исто така, како надлежни и повикани за обнова на храмот, но и од љубов кон неговата светост и благодат, да не дозволиме веќе осветеното место, во кое се вложени молитви кон Севишниот Бог и од страна на свештенството и од верниот народ, место кое е благословено и осветено, да стане цел на профанисување и осквернување.
Упатуваме апел и веруваме дека сепак ќе надвладее разумот и разбирањето кон чувствата и потребите на православното население од општина Центар, а истовремено и почит кон градителите на некогашниот храм и генерациите кои се црквувале во него и го зачувале споменот за него до денес.
Извор: press24.mkСкопската православна епархија, свештенослужителите и верниот народ, како и поддржувачите за возобновување на некогашн