МПС и МВР со акции за помош: Домови на 135 припадници на МВР оштетени во поплавата

Во поплавите од 06.08.2016 година што зафатија повеќе делови на Скопје настрадаа домовите на голем број припадници на Министерството за внатрешни работи.Според податоците кои се утврдени на терен од службите на Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат(МПС), оштетени се домовите на 135 припадници на МВР.
Според податоците на службите нема настрадани наши колеги или членови на нивните семејства.
-Со цел да им се помогне на нашите колеги Министерството и Синдикатот покренуваат повеќе акции. Во тек е акција за задршка на платата на вработените во МВР од по 100 денари, кои ќе бидат доделени на сите  вработени во МВР кои се оштетени од поплавите. МПС од Солидарниот фонд , дополнително ќе додели по една просечна плата за настраданите членови на МПС. Од друга страна, пак, Министерството и МПС организираат акција за дистрибуција на специјални маски за заштита од бактерии и вируси и медицински ракавици за сите ангажирани колеги кои пружаат помош на оштетените во поплавата, соопштуваат од МВР.Според податоците кои се утврдени на терен од службите на Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат(МПС), оштетени се до

Пронајдете не на следниве мрежи: