„Мртва тишина, сите се молеа“: Боинг присилно слетал на островче

Летот на Јунајтед Ерлајнс од Хонолула до Гуамаморал морал да слета присилно на најзафрленото островче на Тихиот океан. Службената пришина е „мирис на електриката во кабината“.Боинг 777 на Јунајтед Ерлајнс кој во петокот летал над Тихиот океан одеднаш бил присилен да слета на еден од најзафрлените острови на светот, и тоа поради како што  службено биило соопштено, „мирис на електриката во авионот“.
Во авионот имало 335 патниции 13 членови на екипажот, а летал во правец Хонолула – Гуама. Слетал на малото корално островче Мидвеј, кое има површина од само шест кавдратни километри. Патниците таму поминале седум часа сместени во во спортска сала. Друг авион ги вратил патниците на Хаваите.
На прашањето дали вознемитувачкиот мирис бил чад или нешто горело, потпаролката на Јунајтед Ерлајнс го опишала инцидентот како „чуден мирис во кабината“.
Една од патничките, од Аризона тврди нешто сосема друго.
„Капетанот рече дека се појавил чад во пилотската кабина, дека откажал радарот и други електронски елементи, и дека мораме да слетаме. Мислам дека слетаа на тоа островче на стар „олдскул“ начин, без радар и други опреми. Направија оодлична работа за да не спуштат сигурно, рекла Карен вон Мервелд.
„Во еден момент почувствувавме само нагло пропаѓање од околу 10 метри. По таа турбуленција настана молк.Мислам дека тогаш сите почнавме да се молиме“.
 Боинг 777 на Јунајтед Ерлајнс кој во петокот летал над Тихиот океан одеднаш бил присилен да слета на еден од најзафрлените острови на светот, и тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: