Во врска со написот под наслов: “Над 2000 Роми ,,фантоми,, во Македонија”, објавен на Академскиот блог РесПублица, на 7 април 2017 година, од авторот Атиџе Селман, Министерството за труд и социјална политика во насока на објективно информирање ги замолува сите правни и физички лица да не објавуваат паушални бројки без претходно направена анализа, реагираат од МТСП.-Имено, досега во Република Македонија ниту едно лице (правно или физичко лице) нема спроведено анализа која може точно со бројки да ја отслика состојбата со таканаречените “фантоми” во Република Македонија. Токму од тие причини Министерството за труд и социјална политика замолува да не се шират погрешни информации во јавноста. Воедно, информираме дека Министерството за прв пат ќе објави јавен оглас на кој ќе може сите лица кои се без документација, односно без идентитет да поднесат барање за дополнителен упис во подрачните единици на Управата за водење на матични книги. На овој начин ќе се добие официјална бројка за овие лица, се вели во реакцијата на Министерството.
Од МТСП ја известуваат јавноста дека Министерството во изминатиов период активно работи на законски измени кои ќе резултираат со трајно решение на овој проблем.
-Потенцираме дека Министерството за труд и социјална политика и понатаму останува отворено за соработка со сите правни и физички лица и сметаме дека ваквиот вид на написи и слични изјави треба да се засноваат на факти и докази, а не на претпоставки и паушални бројки со кои се создава забуна и погрешна слика во јавноста бидејќи целта ни е заедничка- да се реши трајно овој проблем, соопштуваат од МТСП.-Имено, досега во Република Македонија ниту едно лице (правно или физичко лице) нема спроведено анализа која може точно со бројки да ја отслика сос