Гарет Клир (36) од Велика Британија доживеа страшна несреќа кога неговиот Ајфон експлодирал по пад од велосипед. Последиците по оваа експлозија се тешки изгореници на неговиот бут и ногата.Несреќниот маж забележал чад и зголемена топлина од својот телефон неколку секудни пред експлозијата, што предизвикало топење на неговите панталони и на два слоја кожа на десниот бут.
„Телефонот не удри на земја, туку само спонтано се запали. Тоа беше еден случај во милион. Случајно го погодив делот кој ја проби литиумската батерија и експлодира“, изјави тој за медиумите.
Клир е на инфузија и потребна му е трансплантација на кожа, со цел да се спречат инфекции на раните. Лекарите велат дека неговото заздравување ќе трае со недели.
Тој тврди дека од Apple ветиле дека ќе го истражат инцидентот, иако компанијата официјално се нема огласено за овој инцидент.
Несреќниот маж забележал чад и зголемена топлина од својот телефон неколку секудни пред експлозијата, што предизвикало топење на неговите панталони