Американски ветеран од Втората светска војна, повеќе од 70 години откако престојувал во Австрија го добил назад својот паричник кој го изгубил во таа земја.Американецот Елигио Рамос, кој сега има 92 години, го изгубил паричникот пред повеќе од седум децении во австриската покраина Салцбург, а истиот го пронашол лекарот Јозеф Рукофер кога ја реновирал куќата на својот дедо.
Рамос за време на војната бил припадник на 250. артилериски пук на американските сили кои учествувале во ослободување на концентрационите логори во Австрија.
Неговата единица за сместување користела земјоделско земјиште во Салцбург, на кое Рамос го изгубил паричникот. Изгубиле секаква надеж дека повторно ќе го добие.
Но, еден ден, Елигио примил писмо од Џозеф Рукофер, офтамолог од Австрија.
„Драг господине Рамос,
Моето име е Џозеф Рукофер и ви пишувам од Салцбург во Австрија.
Го барам господин Елигио В. Рамос, кој е роден на 27 август 1923 година. Причината поради која го барам е пронаоѓањето на неговиот паричник пред неколку дена на стара фарма во Салцбург.
Во паричникот се наоѓаат фотографии од американски војник во Втората светска војна и картичка за идентификација. Ви приложувам копии од тие документи. Изгледа дека тој војник, Елигио В. Рамос, го загуби паричникот при престојот на фармата.
По пребарувањето на интернет ги пронајдов вашето име и адерса, но не сум сигурен дали вие сте лицето коешто го барам. Доколку сте, би сакал да ви го вратам паричникот.
Дали би биле љубезни да ме известите доколку ја пронајдов вистинската личност?
Поздрав од Салцбург, Австрија.“Американецот Елигио Рамос, кој сега има 92 години, го изгубил паричникот пред повеќе од седум децении во австриската покраина Салцбург, а истиот го



