Тинејџерот Дерин Блеквел (14) бил толку болен што мислел дека не му останало уште многу од животот- покрај леукемијата се борел со уште една доста ретка врста на рак. Тој дури и започнал да го планира својот погреб кога одеднаш се случило чудо.Минатиот декември мислел дека нема да го дочека Божиќ. Затоа започнал да го планира својот погреб. Тој одлучил неговиот мртовечки сандак да го донесат со истиот оној автомобил со кого го донеле Винстон Черчил.
Сакал да биде погребан со звукот од песната “Move Your Feet” во розево одело.
Леукемијата на Дерин му била дијагностицирана уште кога имал 10 години а 18 месеци покасно лекарите му откриле уште едно ретко заболување на крвта- Рак на Лангерхансовите клетки. Од тој рак заболуваат само пет луѓе во целиот свет.
Лекарите му рекле на Блеквин дека трансплантацијата на коскена срж е единствениот спас на малиот Дерин. Затоа семејството се преселило од Ватон во Норфолк во Бристол, но ниедна операција не била успешна.
Телото му го напаѓале разни инфекции па лекарите го изолирале во стерилна соба. Развил дури и заболување кое предизвикува отпорност на лекови, па антибиотиците не му помогнале во борбата против бактериите. Поради тоа на три прста му се појавила некроза (изумирање на ткивата). Дерин и неговите родители помислиле дека по толку убиствени лекови, хемотерапија и зрачење и повеќе од 300 операции, навистина дошол крај.
Со текот на времето детето ја прифатило сопствената смрт, храбро се борело сите 4 години и само сакало да заврши тоа негово мачење. По 4-тата неуспешна операција на пресадување на коскена срж родителите одлучиле на 11 декември да се опростат од него.
Никој не може да објасни како Дерин преживеал.
„Пред само 2 месеци бевме подготвени да го кремираме а сега доктоите ни кажуваат дека неговото лечење е завршено“- кажува пресреќната мајка.
Сега, колку и тоа чудно да звучи Дерин се привикнува на новиот живот. Детето било толку убедено дека ќе умре што не може да си поверува дека преживеало. Сега наместо погреб планира каде ќе продолжи со своето школување. Минатиот декември мислел дека нема да го дочека Божиќ. Затоа започнал да го планира својот погреб. Тој одлучил неговиот мртовечки сандак да г



