Му пишувала пораки на мртвиот син. Набрзо добила НЕОЧЕКУВАН ОДГОВОР!

Тажна и скршена од болка, една мајка во обид да се избори со губењето на својот син, праќала пораки на неговиот број на телефон. По неколку пратени пораки, добила одговор кој ја шокирал.Керола Адлер е мајка на Тејлор Тифо (21), кој загина во сообраќајна несреќа при обука за полициски кадет.
Тие редовно се допишувале, а таа неколку недели по неговата смрт му пратила порака во која му рекла дека го сака и дека тој е нејзиниот најдобар пријател.
По неколку слични пораки, таа добила и одговор.
„Јас сум полицаец во Грил (Колорадо, САД). Мислам дека вашите пораки не пристигнуваат на вистинската адреса“, бил одговорот кој го добила.
Одговорот го пратил наредникот Кел Халси, кому му го дале бројот на Тејлор.

Тој ја прашал дали сака тој да побара друг број, а Керола го замолила да го задржи бидејќи се занимава со професијата за која нејзиниот син сонувал.
Наредникот ѝ рекол дека забележал колку нејзиниот син се грижел и имал волја да се занимава со толку неблагодарна професија.
Во времето на неговата смрт тој бил воен ветеран, а непосредно пред судирот на неколку луѓе им ги има спасено животите.
Неговата мајка вели дека во слична ситуација, тој би го сторил истото.
Керола Адлер е мајка на Тејлор Тифо (21), кој загина во сообраќајна несреќа при обука за полициски кадет.
Тие редовно се допишувале, а таа

Пронајдете не на следниве мрежи: