Рафаел Дел Кол, за жал останал без сопругата Татјана во сообраќајна несреќа пред шест години, а се` што му останало од Татјана е нивната ќерка Раиса.Татјана починала во автомобилска несреќа во 2011. година, кога Раиса немала ни една година. Била бремена со нивното второ дете. Оригиналните фотографии биле направени во 2009. година, една недела пред свадбата.
Нивната ќерка Раиса се` повеќе почнала да личи на мајка си, што од една страна му создавало тага, потсетувајќи го дека Татјана повеќе не е меѓу живите, додека од друга страна барем има спомен на својата најголема љубов.
„Овие фотографии ни даваат малку утеха. Мојата ќерка полека израснува во вистинска убавица. Жива и здрава е и тоа ми е најбитно“ – рекол Рафаел.
Со Татјана биле заедно 10 години и убеден е дека таква љубов повеќе нема да најде.
Во реконструкција на фотографија од Татјанa, Раиса го носи истиот накит кој мајка ѝ го носела пред 6 години.
Дури и кучето е истото и на двата сета: Рафаел го купил Раул како подарок за Татјане на почетокот на нивната врска.
Татјана починала во автомобилска несреќа во 2011. година, кога Раиса немала ни една година. Била бремена со нивното второ дете. Оригиналните фотогр